ИЕГЕ доби европски проект за развој на едукативна програма за подобрување на менталното и физичкото здравје на професионалци со високо стресни професии

ИЕГЕ доби европски проект за развој на едукативна програма за подобрување на менталното и физичкото здравје на професионалци со високо стресни професии

Приватниот научен институт ИЕГЕ во партнерство со реномирани домашни и странски институции од Шпанија, Италија и Грција ја започна имплементацијата на Еразмус+ проектот ENERGY – Развивање на едукативна програма за подобрување на менталното и физичко здравје на професионалци со високо стресни професии.

Проектот ENERGY има за цел да обезбеди програма за подобрување на менталното и физичкото здравје на професионалци со високо стресни професии и решавање на проблемот предизвикан од зголеменото ниво на стрес на работните места, урбаниот начин на живеење и одвоеноста од природата со кој се соочуваат сѐ поголем број професионалци и организации.

Со фокус кон подобрување на менталното и физичко здравје, проектот ENERGY ќе ја зголеми свеста за значењето на животната средина и ќе се осврне на „зелените“ теми, искористување на придобивките кои ги нудат шумите и природата, одржливиот начин на живот, внимателна употреба на природните ресурси итн. Адресирањето на овие теми ќе има двоен ефект – од една страна, професионалците повторно ќе ги поврзе со природата, обезбедувајќи иновативни практики за зачувување на природата и користење одржливи ресурси, овозможувајќи промени во однесувањето и навики за одржлива потрошувачка, а од друга страна, позитивно ќе влијае на нивното ментално и физичко здравје и ќе ги опреми со техники за управување со стресот, подобрување на продуктивноста на работата и зголемување на квалитетот на нивниот живот.

Проектот ENERGY ќе обезбеди балансиран микс на стручни вештини и можности за учење на работното место преку развивање на иновативна програма за стручно образование и обука. Програмата ќе биде директно насочена кон голем број професионалци и организации, поттикнувајќи го процесот на нивна трансформација во поздрави, одржливи и погрижливи работни средини, отпорни на стрес, а преку сето тоа и попродуктивни, здрави професионалци.

Проектот започна во ноември 2022 и ќе трае до ноември 2024, а го имплементираат институции со долгогодишно професионално искуство и тоа: Приватно научен Институт ИЕГЕ од С. Македонија; Viesoji istaiga “Svietimo, tyrimu ir konsultaciju centras” од Литванија, Кошаркарска Федерација на Република Северна Македонија, CREATIVE THINKING DEVELOPMENT од соседна Грција, INDEPCIE SCA од Шпанија и EUROPEAN CULTURE AND SPORT ORGANIZATION од Италија.

empty-author