По природа сум бунтовник – Маја Глигорова

По природа сум бунтовник – Маја Глигорова

1. Која е Вашата претстава за совршена среќа?

Јас и сите луѓе кои ми значат, живи, здрави и спокојни.

2. Кој е Вашиот најголем страв?

Додека имам малолетен син секако дека најголем страв имам од брзото време во кое живееме, се плашам секогаш кога не е до мене да му е добро и да е на сигурно.

3. Со која историска фигура би се поистоветиле?

Со сите кои имаат револуционерна црта и придонеле за промени на подобро во своето време. По природа сум бунтовник.

4. На кого најмногу му се воодушевувате?

На мајка ми. На нејзината истрајност, посветеност, трпеливост.

5. Која Ваша карактерна особина не ја поднесувате кај себе?

Тоа што сум понекогаш брзоплета.

7. Кое е Вашето омилено патување?

Сакам сонце, море, плажа и лудориите на син ми. Секое наше патување е совршено.

8. Во кои прилики лажете?

Само кога не сакам да повредам некој кој ми е драг. Не секогаш е здраво да се знае вистината.

9. Која карактерна особина кај човекот сметате дека е најпреценета?

Добродушноста.

10. Кои зборови и реченици најчесто ги користите?

Тоа е реалноста.

11. Што не Ви се допаѓа во Вашиот физички изглед?

Не постои совршенство. Се сакам себе ваква каква што сум во моментов.

12. За што најмногу сте се покајале во животот?

Љубовта, вниманието и времето посветени на пријатeлства кои не го заслужија тоа.

13. Кој-а е љубовта на Вашиот живот?

Син ми Константино!

 

14. Кога и каде сте биле најсреќни?

На 07.03.2007ма кога го родив Тино.

15. Кој талент би сакале да го поседувате?

Имам голема желба да пеам, но немам баш природна дарба.

16. Како се чувствувате моментално?

Среќна и спокојна.

17. Што сметате за Ваш најголем успех?

Тоа што сѐ што сум замислила во животот до сега сум изреализирала.

18. Ако после смртта би се вратиле на овој свет, што би биле?

Ако е можно повторно човек, премногу го сакам животот.

19.  Која е најголемата драгоценост која ја поседувате?

Се разбирам, ги прифаќам различните од мене, никого не осудувам.

20. Што претставува за  разочарувањето?

Краткотрајно се разочарувам, не им дозволувам на негативните чувства да ме надвладеат.

21. Со која професија (освен оваа) би сакале да се занимавате?

Педагогијата и манекенството се моите две најголеми љубови.

22. Кој е Вашиот идол (пример) во животот?

Повторно мајка ми…

23. Кој е Вашиот омилен сликар, а кој писател?

Никола Мартиноски, Ошо. 

24. Кој е Вашиот фиктивен јунак?

И фиктивен и реален јунак во мојот живот сум јас.

25. Каде би сакале да живеете?

Би шетала по цел свет, но не би можела да живеам во ниту еден друг град освен Скопје.

26. Што најмногу мразите?

Навистина немам време да мразам.

27. Која човечка особина ве иритира?

Лаги, лицемерие..живеење во туѓите животи.

28. Кое е Вашето мото?

Животот на којшто постојано се жалите, можеби е нечиј сон.

29. Кои квалитети ги вреднувате кај мажите?

Лојалност, посветеност, благородна а не условена љубов.

30. Кои квалитети ги вреднувате кај жените?

Истите…

31. Што е за вас вистински пријател?

Оној кој за мене зборува во суперлатив позади мојот грб, а на мене ми кажува сѐ искрено во лице и со добра намера се разбира. Немам време за лажни пријателства!

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk