Сакам да управувам со авион, но со болид подобро би се снашол – Мартин Делев
1. Прво што ни поминува низ глава кога ке помислиме на автомобилски трки е опасен адреналин. Како се справуваш со толкави дози? 🙂
Tрките важат за еден од најопасените и адреналински спортови, но чувството јас кога сум во тркачки автомобил ми претставува вистинско уживање и без тој адреналин што го носат трките мислам дека не би можел бидејќи секогаш едвај чекам да дојде следната трка.
2. Ридско-брзински, кружни……..Уште какви трки постојат во тркачкиот автомобилизам?
Во тркачкиот свет постојат повеке дисциплини едни од тие се рели, рели крос, драгстер, дрифт и многу други но на Балканот и во Македонија претежно имаме само кружни и ридско брзински натпревари. Воедно тие се и најинтересни ширум светот.
3. За да може некој да учествува на авто трки мора да е исклучителен возач. Колку вложуваш во своето тркачко искуство и дали за ваков вид на спорт е потребна посебна подготовка?
За да се биде успешен во автомото-спортот најбитен на почетокот е талентот но потребно е и многу тренирање и финансиска поддршка. Секако еден возач е потребно да биде спремен и физички и психички, бидејќи овој вид на трки бара голема концентрација, издржливост и надмудрување на противникот.
4. Кој тип, која марка на возило ја возиш, дали имаш позади себе спонзорство и комплетен тим којшто е поддршка во трките?
Оваа година настапувам во Македонскиот Твинго куп каде во конкуренција сме 9 возачи со идентични автомобили подготвени од рено спорт. Секогаш со мене исто така и мојот тим кој ми помага и е со мене се од самиот почеток. Дел од него се мојот татко и брат, кои секогаш знаат што ми е потребно за подобри резултати. Спонзори сеуште е тешко да се најдат во нашава држава но мислам дека по одличните резултати оваа година ќе биде полесно да се дојде до нив.
5. Мартин Делев, Емил Нацка, Слободан Трајковски…….Беше ли тешко до крајот на трката и како се чувствуваш како трикратен првак?
Трката на Водно ми беше една од полесните трки оваа година бидејќи точно знаев што треба да направам, но и одлично ја познавам патеката. Сепак оваа година на трите трки до сега победив и чувството е одлично. Тешка задача, но успеав во тоа.
6. Колку е развиен авто-мото спортот во Македонија?
Секоја година е на повисоко ниво, но и публиката го сака овој спорт и тоа секогаш го докажува во огромен број кога се возат трките во Скопје.
7. Што мислиш дали е полесно да управуваш авион или болид? 🙂
Искрено голема желба имам да знам да управувам авион но сепак сега за сега незнам, а за болид би се снашол многу брзо 🙂
8. Планови за перспектива?
Оваа година да се освои твинго купот, следната година учество на тцр трките ширум Европа, но сето тоа зависи од многу фактори, а секако најголем фактор се спонзорите.

Главен уредник на VipHeart.mk