Со окси системот до беспрекорно млада и чиста кожа
Окси системот е технолошки најнапреден систем за дермоинфузија на кожата со 98% кислород. Третман за оксигенизација и регенерација на кожата на лицето и телото.
Кислородот е основен и неопходен за здравјето на кожата. Тој е еден вид на гориво за развој на сите клетки во нашиот организам. Колку повеќе го има во клетките, тие се поактивни. Овозможува клеточен метаболизам. Снабдувањето на кожата со кислород е основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтезата на колаген и еластин, влијае во снабдувањето на хидратација, го подобрува имунитетот, ја јакне заштитата на кожата, го поттикнува исфрлањето на токсините и го подобрува дишењето на кожата.

Различни се факторите поради кои на кожата најчесто ѝ недостасува кислород. Еден од главните е процесот на стареење, поради којшто се намалува протокот на крв во капиларите, а ослабената микроциркулација постепено ја ослабува оксигенизацијата. Во текот на човековиот живот снабдувањето на кожата со кислород драстично се намалува и тоа е еден од факторите за побрзо стареење. На малата снабденост на кожата со кислород дополнително влијае и загадената животна средина и лошите животни навики. Во 30-те години од животот оксигенизацијата на кожата се намалува за 25%, додека во 50-те дури до 50%. Како резултат на сето тоа кожата манифестира несакани состојби.
Доколку имате дехидрирана, уморна кожа, подочници, неизедначен тен, пигментации, намален праг на чуствителност, слаб тонус, се подлабоки и изразени црти и брчки, Вие сте вистинскиот кандидат за овој третман со кислород.
Со овој метод можете да го сопрете процесот на стареење на природен начин. Овозможете ѝ кислород и живот на кожата.

Козметолог – едукатор

