Среќата ги следи храбрите и упорните! – Билјана Трендафилова
Децата и сопругот се мојот живот и мојата дневна доза среќа..Велат-среќен си ако имаш кому да му раскажеш како ти поминал денот и навистина е така.Се е полесно кога имаш поддршка и ветер во грб од тие што најмногу ги сакаш..На крај од денот си среќен и кога гледаш дека воспитувањето, учењето и посветеноста направило подобри луѓе од нив..
Во животот ништо не е лесно, мислам дека најтешката улога е улогата на родител-мајка, будна за своите деца, секогаш тука да ги бодри и да ја дели среќата со нив..Но нема поголемо богатство од тоа да гледате како вашите деца се движат во правилна насока, добро усмерени благодарение на вашата упорност, енергија и домашна култура..
Тео и Софи растеа паралелно со мојата кариера..Како млада мајка бев максимално посветена на нив, но истовремено трчајќи по информации и градејќи ја мојата новинарска кариера.Но, се е полесно кога имаш поддршка од дома и од семејството..
Сега тие се тинејџери кои сигурно чекорат во оставрување на своите соништа..Двајцата со спортски дух и желба за победи и успеси..Заеднички се трудиме секој слободен миг да го уживаме на патувања и добра дестинација која е инспиративна за сите, а во последните години знае да биде посета на забавен парк..

Музиката ме плени со позитивна енергија
Музиката ме релаксира, ми носи позитивни чувства и што е најважно не ме оптеретува. Утрото ми почнува секогаш со музика, тоа е најчесто мојата омилена радио станица.. Слушам музика и кога вежбам пилатес во моето омилено ,,Vitality studio” каде добивам нова енергија..На нашите деца постојано се трудиме да им ја претставиме музиката која ни значела во времето кога ние сме биле млади, но и ние сме отворени за музиката од нивното време, и да не станува збор за компромис, туку за вистинско уживање. Убаво е кога имаш можност нешто што ти значело во младоста повторно да го проследиш од друга перспектива на концерт, тогаш истата музика во тебе буди една сосема друга димензија дополнувајќи ја носталгијата со нови неоткриени чувства.


Успехот бара компромиси и толеранција
Како созрева човек сфаќа дека среќата се малите нешта, убавиот збор, љубовта, незаборавно патување или во нашата професија добра приказна.. Среќа е да имаш можност да ја работиш професијата што ја сакаш..Така е и со мојата 20 годишна кариера..Имав можност да учам од професионалци, да работам во различни средини и да променам неколку телевизиски куќи..Се е искуство..Се посветив на економијата и бизнисот, каде не е лесно да се опстои..Се чуствувам среќно после добро сработена емисија, која предизвикала полемики и дискусии во јавноста..Како човек сум упорна и амбициозна во реализирањето на своите планови..Секогаш оптимист, подготвена за нови предизвици и за нови работи..Најдобро е кога имате цел кон која чекорите, мојата цел е пред се да сме живи и здрави, да помогнеме за подобро утре и да бидеме задоволни и среќни од себе и од живототот кој го живееме.


Билјана Трендафилова – новинар

