Нашиот мал вундеркинд или чудо од дете – Владимир Грчев
Владимир Грчев има само девет години и уште од мал се разликува од другите деца. Никогаш си нема играно со автомобили, камиони, туку цело време поврзува, спојува стари апарати како радија, телефони и стари телевизори.

Уште од своите три години собира и одзема, а веќе и на четири години почнува да пишува. Официјално пред три години почна да покажува интерес за математика, информатика и програмирање. Почна да отскокнува во училиште во однос на другите деца решавајќи задачи уште во второ одделение, задачи кои се за деца од осмо па и средно училиште, како равенки со една или две непознати, корени, степени.

Сега веќе почнува да решава синус, косинус и посложени математички операции. Пред три години исто така започна да посетува курс по компјутери во Семос – Скопје паралелно со Brain o Brain програмата (ментална аритметика) и математика.
Веќе го изучува и надоградува своето знаење со повеќе програмски јазици, како Јava, Java Script, а сега и C++.

Има освоено два трофеи во републички натпреварувања и еден златен медел на интернационален натпревар во Дубаи. Настапуваше во натпревари во решавање на рубикови коцки и веќе ги решава по пат на алгоритми сите рубикови коцки, со три, четири па до шеснаесет полиња.

Едно од поголемите достигнувања е и што доби сертификат од Гинисовата книга на светски рекорди како учесник во најмасовно ментална аритметичка дисциплина.

Во моментов самоволно е со идеја да создаде веб сајт за медицинско и природно лекување на сите видови тумори и малигни заболувања.
Само напред Владимир, се гордееме со тебе и секогаш сме тука да се радуваме и ги подржиме твоите успеси во иднина!

Главен уредник на VipHeart.mk

