(EКСКЛУЗИВНО) Интервју со г-ѓа Дијана Ликар, раководител на тимот на ИЕГЕ во проектот BIMcert

(EКСКЛУЗИВНО) Интервју со г-ѓа Дијана Ликар, раководител на тимот на ИЕГЕ во проектот BIMcert

Нови дигитални вештини во градежништвото во насока на одржлива енергија и енергетски ефикасни градби

Голема е веројатноста дека зградите со приближно нула енергетска потрошувачка преку информациското моделирање на зградите (BIM), ќе станат задолжителни до 2050 година. Меѓутоа, додека возот кон енергетски ефикасна Европа е во движење, голем дел од секторот за архитектура, инженерство и градежништво сèуште се обидува да го стигне.

Со примена на современата дигитална техника за виртулизација на градбата Buidling Information Modelling (BIM) се обезбедува усовршување на знаењата за имплементација на енергетска ефикасност и рационално користење на ресурси во градежништвото и оптимизација на животниот циклус на материјалите.

Препознавајќи ја потребата од вложување во енергетската ефикасност, Приватниот Научен Институт за истражувања во градежништво, животна средина и енергетика – ИЕГЕ преку проектот BIMcert, а и со својата работа на повеќе интернационални проекти ги приближува и ги носи европските трендови во нашата земја.

Проектот насловен BIMcert е финансиран од престижниот европски фонд „Хоризонт 2020“ и е дел од програмата за „Безбедна, чиста и ефикасна енергијаод 1,25 милиони евра.

Проектниот конзорциум составен од реномирани високообразовни и истражувачки центри меѓу кои е и Приватниот Научен Институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката – ИЕГЕ, во јануари 2020 го означи завршувањето на проектот за формирање на наставна програма со меѓународно признаени квалификаци, за информатичко моделирање на зградите за нивна енергетска ефикасност и одржливост,

На настанот одржан во Белфаст присуствуваа Дијана Ликар од Приватниот Научен Институт за истражувања во градежништво, животна средина и енергетика – ИЕГЕ и Влатко Иванов, генерален директор во Градежниот институт МАКЕДОНИЈА.

Претставниците зборуваа за интернационалните перспективи и важноста на BIMcert во Северна Македонија и учествуваа во панел дискусиите за BIMcert и што е следно што може да се очекува од примената на BIM во градежништвото.

Разговаравме со г-ѓа Дијана Ликар, раководител на тимот на ИЕГЕ во проектот BIMcert и ја прашавме повеќе да ни објасни за проектот, оддржливоста и идните активности на ИЕГЕ поврзани со енергетската ефикасност.

Која е целта на проектот?

Основна цел на проектот BIMcert е унапредување и сертификација на професионалните вештини во модерниот градежен сектор, неопходни за енергетски одржливи градби. Проектот има мултидисциплинарен пристап на специјализирана обука, која се состои во развивање на програма за едукација на професионален кадар ангажиран во сите сектори на високоградбата, од сите нивоа и профили.

Дали има интерес за BIMcert во нашата земја?

Уште од самиот почеток, BIMcert привлече огромен интерес за Северна Македонија. Анкетата за потребите на индустријата во април 2018 година доби 44% од одговорите кои потекнуваа токму од нашата земја. Бројот на посетители на веб страната на проектот од Македонија се на третото место.

Проектот беше одобрен од Владата на Република Северна Македонија. Вицепремиерот придружуван од министерот за транспорт и врски, присуствуваше на настанот организиран како дел од проектот во Скопје, во февруари 2019 година, на кој ги повика сите македонски градежни работници да учествуваат во програмата.

Дали BIM се користи моментално во градежниот сектор во нашата земја?

Во моментов BIM не се користи во градежниот сектор кај нас. Исто така, во нашата земја нема академски ниту професионални програми за обука за користење на BIM. Сепак, македонските засегнати страни покажаа голем интерес да учат и го применуваат BIM во пракса.

Од извештаите на проектот, евидентно е дека македонските градежни работници ја делат визијата и аспирацијата на нивните европски колеги за дигитални технологии во градежниот сектор. Разбираат дека BIM не е само модерен софтвер за моделирање применет во архитектонскиот дизајн, туку дигитална технологија за поддршка на одржливоста во иднина.

Кои се придобивките од имплементацијата на BIM?

Верувам дека BIM ќе донесе големи придобивки, во смисла на зголемена ефективност и квалитет на градежните процеси, зголемена енергетска ефикасност на зградите, особено во проектите на меѓународно ниво.

Преку употребата на BIM би се овозможиле поефективни процеси на комуникација и соработка, заштеда на време и финансии, избегнување судири, одложувања, недоразбирања, грешки, оптимизација на ресурсите – материјали, персонал, време, пари. Особено важни се придобивките во насока на оддржливоста во животната средина – заштеда на енергија, користење оддржливи градежни методи и материјали.

Веќе е направен првиот чекор – BIMcert ја донесе оваа нова технологија во Македонија и привлече интерес од индивидуални професионалци, градежни компании од сите профили, факултети за технички науки на државни и приватни универзитети и Владата.

На крајот на 2019 година, ИЕГЕ ја започна иницијативата за имплементација на EN ISO стандардите за BIM, како предуслов за започнување на соодветни законски измени за задолжително спроведување на BIM. Согласно својата стратегија и мисија, ИЕГЕ ќе продолжи да ги следи, препознава и преку своите проекти да ги пренесува европските технолошки иновации во нашата земја.

дипл. спец. Оливера Антиќ

Главен уредник на VipHeart.mk