Избрани најдобрите диети за 2019 – та
Порталот “Us news and world report” со тимот експерти нутриционисти и доктори од најразлични специјалности, ги евалуираа и рангираа по ред 41 диета. Највисоко рангирана требало да биде онаа која ќе биде релативно лесна за следење, хранлива, безбедна, ефективна во губење на тежината и превентабилна од дијабетес и срцеви заболувања.
Медитеранската исхрана го презеде првото место.
Медитеранската диета поволно влијае на различни витални параметри од контролирање на телеснаата тежина, регулирање шеќерот во крвта, до благотворно влијание на кардиоваскуларниот систем намалување на ЛДЛ или “лош” холестерол, како и намален ризик од Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и рак. Всушност, една неодамнешна студија објавена во британскиот весник “Исхрана” откри дека придржувањето до медитеранската исхрана е поврзана со 25 проценти помала шанса за смрт од било која причина.Оваа диета отфрла употреба на транс заситени масти туку изобилува со многу овошје,зеленчук, житарици, диетални влакна и антиоксиданти, морска храна, маслиново масло, орешести плодови кои изобилуваат со мононезаситени масни киселини.

На второ место е DASH диетата ( Dietary Approaches to stop hypertension ) која поволно влијае на кардиоваскларниот систем.Формирана е од Националниот Институт за болести на срце, крв и бели дробови во САД.На почетокот се применувала кај пациенти кои имале висок крвен притисок и така се покажала делотворна во намалување на истиот и во елиминација на холестеролот и масните наслаги..Клучните работи се консумирање немасни протеини и здрави масти кои даваат чувство на ситост. Се одвива во две фази, во првите 14 дена се редуцира внесот на јаглени хидрати, при што доаѓаат промени во метаболизмот и како што е намалено лачење на хормонот инсулин.Тие две недели не се јаде овошје, житарици, слатки, туку се консумира немрсно месо, риба,и нескробен зеленчук, немасно сирење, и орешести плодови. Во втората фаза се исклучуваат интегралните житарици, овошјето и компирот.
На трето место се одбра флекситаријанска диета која е лесна бидејќи може да се храните како вегетаријанец а од време на време да изедете и по некоја плескавица.Оваа диета трае пет недели и опфаќа грав, грав, леќа, грашок, ореви, семки , јајца, овошје и зеленчук, интегрални житарици, млечни производи, шеќер и зачини. Истражувањатa покажале дека кај флекситаријанците , месото не им е примарно и живеат во просек 3- 6 години подолго од оние кои јадат месо неколку пати во неделата .
Нутриционистичка диета која ја опфаќа најновата пирамида на исхрана со внес на зеленчук во два или три оброка по можност сирови, потоа шака бобичасто овошје и шака орешести плодови.Јајца, месо, пилешко и мисиркино, телешко и риба, сирење и јогурт трба да бидат застапени 3 пати неделно.

Нордиска диета ја измислија доктори и нуриционисти од Университетот од Копенхаген со цел подобрување на здравјето на жителите во тој регион. Оваа диета се базира на основа на исхраната на Скандинавците, што подразбира многу овошје , зеленчук, леб од интегрални житарици, морска риба како лосос, скуша, туна, харинга, бобичасто овошје, орешести плодови и легуминози.Јаглените хидрати се внесуваат дупло повеќе во однос на протеините.Како ужина се препорачува црното чоколадо.

Нутриционист,
М-р по Јавно Здравство

