Би сакала да имам моќ да ги направам сите луѓе среќни и задоволни – Цеце Трајковска
Публиката ја гледа како член на веселата четворка на Утринската програма на Телма телевизија. Таа е секогаш насмеана, ведра
1. Колку пати си договорила емисија, а таа се изјаловила? Како реагираш?
Работата на емисии во живо носи голема одговорност, воедно и стрес. Не залудно се вели „емисија во живо е, се се случува“. Се случувало и да доцни гостинот, воопшто да не дојде, да те извести по порака дека не доаѓа, да дојде во погрешен ден и сл. Искуството низ годините ме научило да знам како смирено да изреагирам во такви околности. Со оглед дека имате буквално „дупка“ во програмата од некои 15 – 20 минути секако во консултација со уредникот одлучувате како понатаму.

2. Дали се каеш поради некои животни одлуки или се се случува со причина?
Искрено верувам дека секое зошто има и затоа и дека навистина се што ни се случува, се што доживуваме и преживуваме е со некаква причина.

3. Поради што знаеш да заплачеш, а поради што да се насмееш од срце?
Голема плачка сум и многу сум емотивна. Некогаш дури и ми пречи што не можам да си ги исконтролирам солзите, што значи плачам за се и сешто буквално Инаку често знам и сакам да се смеам од срце, да не речам секојдневно има такви ситуации. Сакам да сум со насмеани и позитивни луѓе околу мене, а во такво друштво секогаш има квалитетен хумор.

4. Цеце е секогаш отворена и искрена…..Колку во животот чини да бидеш со такви човечки особини?
Имам искрен и директен пристап кон работите и луѓето. Верувам дека ако сте искрени и со чиста мисла, притоа без зли намери може да успеете во целите.

5. Пред извесно време и ти застана на лудиот камен. Колку веруваш во љубовта?
Ако не верував, немаше да го направам тој потег Верувам во љубов, вистинска, страствена, моќна… верувам дека љубовта е движечка сила, верувам дека се може да се преброди ако има љубов.

6. Дали се врзуваш за луѓе и материјални работи?
Да, се врзувам и за едното и за другото.
7. Во што ја наоѓаш секојдневната професионална инспирација?
Во луѓето кои цврсто стојат на земја, играат фер и знаат што сакаат од животот.

8. Поради што би се откажала од својата кариера?
Не би се откажала никогаш, човек што работи односно гради кариера е човек што постојано сака да учи нешто ново. Сакам да се дружам со луѓе кои ме инспирираат, луѓе кои би ти ги отвориле очите за нови хоризонти, луѓе кои ќе ви помогнат да излезете од комфорната зона, луѓе кои ќе ви кажат дека можете и тогаш кога мислите дека ништо не ви оди од рака…

9. Која супермоќ би сакала да ја имаш, и што би променила во светот?
Би сакала да имам моќ да ги направам сите луѓе среќни и задоволни.


Главен уредник на VipHeart.mk

